На контрола пред Олимписките игри, Бахреин и одржа лекција на Аргентина

Репрезентациите кои ќе играат на Олимписките игри ги финишираат подготовките и контролните средби, а на една од последните контроли за Арегнтина дојде до изненадување и лекција.,

Аргентинците претрпеа пораз од Бахреин од 27:32 што е отрезнувачки пред почетокот на игрите така што ќе биде доста интересно на Олимпијадата.

Кај дамите, пак, Франција имаше убедлива победа против Јапонија од 41:20. Со ова само се виде дека Французинките веќе имаат силен ритам и дека одат на висок пласман. Нзе Минко и Ласурс со по шест и Ноканди со пет гола беа најефикасните на овој дуел.

Утре рано наутро од 8 часот ќе има двоен дуел меѓу Норвешка и Шведска бидејќи играат и машките и женските репрезентации.