На завршниот турнир во ЛШ ќе има и виртуелни навивачи (ВИДЕО)

Завршниот турнир во Лигата на шампионите кој треба да се игра на крајот на годината полека се наближува, а ЕХФ им овозможува на најкреативните фанови да бидат виртуелно на настанот.

За да бидат виртуелно присутни сите љубители на ракометот потребно е да го облечат својот дрес од омилената екипа и да снимаат кратко видео како прославуваат, аплаудираат или играат.

Видеата кои ќе бидат избрани и наградени ќе бидат емитувани на големиот ЛЦД екран во арената во Келн во текот на натпреварите.

Завршниот турнир во ЛШ ќе биде одигран во „Ланксес Арена“ во Келн на 28 и 29 декември, а таму ќе играат Барселона, Веспрем, Кил и ПСЖ. Вардар нема можност да ја брани титулата, со оглед на тоа што беа откажани осминафиналните и четвртфиналните средби поради коронавирусот.