На Веспрем не му годеше одморот, загуби на првиот тест од Татабања!

Ракометарите на Веспрем по пауза од пет месеци го одиграа првиот натпревар и на крајот загубија.

Избраниците на Давид Дејвис во својата арена беа поразени од ослабениот тим на Татабања со 31-33.

Во текот на целиот меч водеа гостинските ракометари, а Веспрем иако засилен со Македа, Шишкарев, Коралес…немаше решение.

Дејан Манасков беше најдобар во поразениот тим и постигна шест голови.

В сабота во 13:00 часот Веспрем ќе го одигра вториот пријателски натпревар против Ѓенѓеш, ривалот на Бутел Скопје во Лигата на Европа.