НАЈ НАЈ НАЈ…ФОТОГРАФИЈА: „Летечкиот“ Дејан Манасков во Струга

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков по долго време се врати во татковината и го облече дресот на шампионот Вардар.

„Летечкото“ лево крило беше јунакот од фотографијата на 2022 година, која ја направи фотографот Денис Дуковски.

На јубилејниот турнир во Струга, на мечот меѓу Вардар и Бутел Скопје, Дуковски уште еднаш го „фати“ Манасков во иста поза како и пред седум години.

Во јануари 2015 година, на мечот меѓу Македонија и Иран беше направена првата фотографија, а „копијата“ беше во август 2022 година.

Манасков потсети на тој момент, но ги потврди и атлетизмот, издржливоста и квалитетот…