Најтешкото за најдобрите: Начевски и Николов ќе го судат двобојот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 2. коло во Суперлигата.

Дерби натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер им е доверен на Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегати ќе бидат Душко Камишевски и Ацо Николовски.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, се игра в сабота 26 март со почеток во 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

На мечот меѓу Охрид и Бутел Скопје, правдата ќе ја делат Металари и Николовски, додека на дуелот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер, задолжени за арбитражата ќе бидат Кркачев и Колевски.