Најдобриот стрелец на Прилеп останува во клубот

Еден од главните играчи во Прилеп, Давор Шокоски, иако на своја адреса имаше понуди од неколку македонски суперлигаши, како и понуда за интернационална кариера, одлучи да остане во прилепскиот тим, односно да не го раскине договорот кој е со важност и за следната сезона.

Левиот бек во својата кариера го носеше дресот и на Бутел Скопје и Металург РА, а во последните две сезони беше еден од главните ракометари кои имаа голем придонес во задржување на суперлигшакиот статус на Прилеп.

Во Прилеп останува и репрезентативецот на Грузија, Мириан Гавашелишвили, додека екипата ја напуштија Марио Гичев, Хари Павлов, Даниел Андоновски, Хазеин Рустамов, Зураб Цинцадзе, Марко Трајковски и довчерашниот тренер, Горан Кузманоски.

Прилепчани во следната сезона ќе бидат предводени од Реваз Чантурија, кој ќе има двојна улога во прилепскиот состав. Ракометарите на Прилеп во регуларниот дел од новата сезона ќе играат во групата А заедно со Вардар Неготино, Струга, Вардар, Бутел Скопје, Алкалоид, Охрид и Куманово.