Начевски и Николов ќе судат меч за прво место во група

Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ја добија втората задача на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Тие се делегирани да ја делат правдата на дуелот меѓу Германија и Полска што ќе одлучува за првото место во групата Д.

Делегати на овој меч се Николае Визитиу и Балаж Сос, а тој се игра во Братислава со почеток во 18:00 часот.

Ова е втор натпревар кои го судат Начевски и Николов, откако претходно беа главни на дуелот меѓу Словачка и Литванија.

На вториот натпревар во истата група, кој не одлучува ништо меѓу Белорусија и Австрија, делегат ќе биде Драган Начевски.