Начевски и Николов ќе делат правда на Суперкуп двобојот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Ракометната федерација ги објави официјалните лица за Суперкуп натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Очекувано, правдата ќе ја делат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, додека на мечот ќе има и двајца делегати-контролори.

Тоа ќе бидат Камер Металари и Драган Начевски, а мечот ќе се одигра на 11 септември во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид од 20:00 часот.

Ова е петти Суперкуп натпревар во историјата, а досега три трофеи освои Вардар и еден трофеј освои битолски Еурофарм Пелистер.