Наумче Мојсовски со честитка: Македонските репрезентативци заблескаа во полн сјај ( ФОТО)

Велесилата Данска вечерва падна во Скопје. Машката репрезентација славеше над скандинавскиот ривал со 33-29 во квалификациите за ЕП.

Маестралната партија на ракометарите предводени од капитенот и селекторот Кире Лазаров, беше причина за голема радост кај сите поранешни македонски репрезентативци.

Наумче Мојсовски, која сега е директор на Агенцијата за млади и спорт, преку социјалните мрежи упати честитки за победата над светскиот првак.

„Вечерва маестрално ја победивме ракометната репрезентација на Данска, со што македонските ракометари заблескаа во полн сјај со неверојатна игра! Честитки за селекторот Кире Лазаров и за сите ракометари“, напиша Мојсовски.