Напорен септември – пелистерци ќе играат четири меча во осум дена!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува напорен месец септември со натпревари во Супер лигата и во Лигата на шампионите.

По дуелот со Вардар во Супер Купот во Струмица, битолчани ќе играат уште еднаш со истиот ривал во првенството.

Покрај оваа средба имаат уште три суперлигашки натпревари (Мулти Есенс, Голден Арт и Вардар Неготино) и уште три натпревари во Лигата на шампионите (Колстад, Алборг и Кил).

Особено напорен ќе биде периодот од 20 до 27 септември, кога во осум дена ќе бидат одиграни четири натпревари, од кои пак два во два дена.

Сепак битолчани имаат широк играчкиот кадар и долга клупа, па тоа ќе му овозможи на стручниот штаб да ги распореди правилно силите за сите предизвици што ги чекаат овој месец.

Распоред на натпревари на Еурофарм Пелистер:

13.09.2023, Еурофарм Пелистер – Колстад
17.09.2023, Вардар – Еурофарм Пелистер
20.09.2023, Алборг – Еурофарм Пелистер
22.09.2023, Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс
23.09.2023, Еурофарм Пелистер – Голден Арт
27.09.2023, Еурофарм Пелистер – Кил
30.09.2023, Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер