Нант и Лазаров ја прекинаа серијата порази

Кирил Лазаров и Нант запишаа нови бодови во 9. коло од првенството на Франција на гостувањето кај Иври. Нант славеше победа со 32:26, а Кирил Лазаров постигна три погодоци.

Ракометарите на Нант без многу поблеми стигнаа до победата, на почетокот отворија со 3:0 и во поголемиот дел на првите 30. минути беа во водство. На полувреме имаа два позитива од 17:15.

Во продолжението Лазаров и колегите рутински одработеа за шестта победа во првенството. Најефикасен во составот на Нант беше Валеро Ривера со осум гола, а втор стрелец беше Турна со шест погодоци.