Наместо во Вардар, заврши во Мотор Запорожје!

Црногорскиот репрезентативец Божо Анѓелиќ, кој требаше да биде едно од засилувањата на Вардар ова лето, кариерата ќе ја продолжи во Украина.

Односно во Втората Бундес лига, каде што ќе се натпреварува неговиот нов клуб Мотор Запорожје, кој се уште го нема официјализирано овој трансфер, но рускиот портал „Брз Центар“ веќе го најави.

Во периодот кога најголем дел од искусните и квалитетните ракометари го напуштија Мотор, изненадувачки делува одлуката на Анѓелиќ да ја продолжи таму кариерата.

Покрај Анѓелиќ, во Мотор Запорожје треба да пристигнат и украинските интернационалци – пикерот Данила Осадчи од Донбас и средниот бек Виталиј Горовој од естонскиот Талин.

Мотор Запорожје покрај настапите во Втората Бундес лига, ќе игра и во Лигата на Европа.