„Надвор од разумот е сега да зборуваме за спорт, важно е сите да останеме здрави“

Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Билал Шуман во периодот кога требаше да се подготвува за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Египет во 2021 година си наоѓа друга занимација.

„Преку ден сум кај моите пријатели, таму сум за доручек, ручек и вечера а вечерта пред полицискиот час заминувам дома. Секое утро ја посетувам мајка ми, и носам намирници кои и се потребни. Имам една постара комшика на Илиџа и одам и кај нејзе да видам што и треба“, раскажа Шуман за svijet-rukometa.com.

Иако не може да се гледа со ракометарите од репрезентацијата и да тренираат, селекторот често е во комуникација со нив преку социјалните мрежи.

„Сè застана, момите се таму каде шти ги затекна кризата. Имаме група прку која добивам информации како се. За сите е исто во цела Европа. Надвор од разумот е да се зборува за спорт во овие моменти. Важно е сите да останаме здрави, ЕХФ ги одложи сите натпревари до средината на јуни па ќе видиме што ќе биде тогаш“, коментираше Шуман.

Селекторот на БиХ времето во изолација го користи и за пишување книга на тема видео-анализа, комуникација и планирање во модерниот ракомет, што воедно е и тема на трудот за добивање на мастер коуч лиценца.