Навивачи побрзајте – од денеска во продажба билети за дуелот меѓу Вардар и Монпелје

Од денеска на пладне, 12 часот во продажба се пуштаат поединечните билети за последниот домашен натпревар на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите против Монпелје.

Продажбата ќе се врши онлајн преку www.ticketplus.mk.

Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје е закажан за 29 февруари 2020 година во СЦ „Јане Сандански“ во 17:30 часот.

Цената на поединечните билетите за натпреварите со Монпелје е 350 денари за трибините, а 400 денари за местата во А блоковите.