Мундијалот тргна со службена победа на Казахстан, Индија се уште не е пристигната во Скопје!

Светското првенство во Македонија требаше да стартува со 16 дуели во сите осум групи, но денеска ќе има 15 натпревари.

Репрезентацијата на Индија се уште не допатува во Македонија, па затоа нивниот натпревар против Казахстан веќе е регистриран со службен резултат 10-0.

Тој натпревар требаше да започне во 10:00 часот и со него да биде отворен Мундијалот, но нема да е така.

Првите два меча ќе се одиграат 10:30 часот – Хрватска против Египет, Црна Гора против Алжир.