Морници за цел живот – полна “Блауграна” аплаудира на противнички играч

Шанската „врска“ во случајот на Александар Царчев е пресилна и тој и неговото семејство ја негуваат веќе 26 години, од 1995 кога како играч се појавува во АСОБАЛ па до денеска. Поради тоа и најдрагите спомени кои ги има во играчката кариера се врзани со настапите за тамошните клубови.

„Минав три години во Шпанија, но оставив навистина силен впечаток додека играв таму, можеби затоа и Раул секогаш се шегуваше дека сите ме знаат. Братислав Обучина требаше да биде тренер во Баломано Конкенсе, тој ме донесе, но не сакаше да посетува семинари за тренери (велеше: јас сум доктор за нив), но без семинарите не му дозволија да го води тимот, па донесоа млад тренер, на кој му бев советник. Таму имав две прекрасни сезони, во кои ако ми верувате се случуваше во серија да имам по 20 одбрани по натпревар. Можеби тоа и најмногу од сè паметам од кариерата. Знаете што значи три-четири илјади публика во „Блауграна“ да аплаудира на противнички играч кој бил најдобар на терен. Против Барса сум имал 18 одбрани иако мојот тим загубил со 11 разлика. Паметам имаше еден среден бек, шпански репрезентативец Масип, три пенали во серија му одбранив. На СП 2019 во Германија се видовме со Томас Свенсон, кој во тој период исто така играше во Шпанија. Играв и за селекција на странци против шпанска репрезентација, ги победивме двапати – тоа се работи кои се паметат”, потенцира Царчев.

Подолу прочитајте го целосното интервју со тренерот на голманите.

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ЦАРЧЕВ: Голманите се најсилната алка во репрезентацијата!