Мораес: Прекарот „Самба“ го добив во Вардар

Рожерио Мораес првпат дојде во Европа во 2015 година кога го ангажираше германскиот гигант Кил. Уште во првата сезона успеа да стигне до завршниот турнир во Келн каде што Кил загуби од Веспрем во полуфиналето.

На последниот натпревар Бразилецот се врати во Кил, но сега како член на Веспрем во натпревар кој директно одлчуваше за првото место во групата Б од Лигата на шампионите. Мореаес во интервјуто за ЕХФ говореше за неговите почетоци и како го добил прекарот „Самба“.

„Сите играат фудбал во Бразил па и јас како дете се испробав во тоа. Бев многу низок и буцкаст па никогаше немаше да станам наследник на Роналдињо. Потоа во основното учичиште пораснав многу и ме повикаа во ракометниот тим. Прво ракометот ми беше хоби но се развивав постојано и националните селекции ми испратија покана. Кога наполнив 21 година потпишав за Кил“, рече Мораес.

Давид Дејвис е главниот виновник за прекарот на корпулентниот кружен напаѓач кој го доби прекарот по националниот бразилски танц „Самба“.

„Бев единствениот без прекар. Давид ме праша како ми се допаѓа „Самба“, и на сите соиграчи им се допадна тоа и почнаа да ме викаат Самба“, објасни Мораес.

Рожерио Мораес со Вардар освои две титули шампион на Европа, а во финалето во 2019 година беше еден од најдобрите играчи со шест гола.