Монпелје остана без планираното засилување, ќе го добие дури следното лето

Екипата на Монпелје потпиша договори со тројца ракометари, но еден од нив нема да пристигне во текот на ова лето во тимот кој е вицешампион на Франција и во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Во клубот доаѓа пивотот од Целје, Хрватот Верон Начиновиќ кој има 21 година. Тој потпиша договор до летото во 2025 година.

Покрај него доаѓа и Исланѓанецот Олафур Гудмундсон. Левиот бек на Кристијанштад потпиша една година со тимот на Монпелје, а станува збор за играч кој има 31 година.

Единствениот од тројцата кој нема да биде во можност да дојде ова лето во Монпелје е Карл Конан. Играчот не Екс ан Прованс кој е специјалист за игра во одбрана и има 26 години не доби дозвола да си замине една година пред истекот на договорот. Од Монпелје беа согласни да платат за откупување на договорот, но и во таква ситуација не дојде до трансфер, па Монпелје ќе почека една година за да го ангажира ракометарот.