Монпелје го прегази Кил, „зебрите“ немаа никакви шанси во Франција

Екипата на Монпелје имаше неверојатна вечер и партија откако ракометарите на тимот од Франција одиграа одличен натпревар и го совладаа Кил со 37:30.

Во текот на целата средба екипата на Монпелје доминираше и во ниту еден момент немаше проблем за да дојде до победата на крајот од натпреварот. Уште во првите 30 минути се виде дека Монпелје има повеќе од играта. Успеа да создаде четири гола предност. Направи резултат од 18:14 што беше сосема доволно да може во продолжение од натпреварот да се игра уште посилно.

Четирите гола предност од првиот дел во продолжението беа зголемени. Победничкиот ритам на Монпелје стануваше сè посилен. На средина од второто полувреме екипата на Монпелје тргна во налет и постојано ја зголемуваше предноста. Во ниту еден момент немаше проблем за да се дојде до висока победа, а гостите од Германија не успеаја да направат ништо.

Монпелје имаше целосна контрола при што едноставно постојано го зголемуваше водството. Во финишот само беше потребно мирно да се дојде до крајот, а бодовите без поголеми проблеми останаа во Франција.

Марин Шего вообичаено имаше убава вечер во која забележа 13 интервенции. Осум гола имаше Вилемино, а седумпати прецизен беше Бос. Во тимот на Кил, Дарио Квенштет имаше седум одбрани, а Ландин четири. Деветпати прецизен беше Никлас Екберг, а пет имаше Сагосен, но тој имаше ефикасност под 50 проценти.

Монпелје е следниот ривал на Вардар, па ова ќе биде нов голем предизвик. Натпреварот се игра на 13 октомври.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140