Младинците добија ривали за ЕХФ шампионатот – ќе се борат против Бугарија, Косово…(ФОТО)

Машката младинска репрезентација на Македонија ги доби противниците на ЕХФ шампионатот што ќе се игра во летонската престолнина Рига.

Младинците ќе играат во групата Б против Белорусија, Луксембург, Бугарија и Косово. Навидум лесна ждрепка, но само навидум.

Белорусија секогаш има одлични младински репрезентации, а ниту Луксембург не е наивен ривал, иако нема богато ракометно минато.

ЕХФ шампионатот во Рига ќе се игра од 3 до 12 јули следната година.