Младеновска и Илјаз го водеа Металург до триумф, но Дуделанж оди понатаму

Поразот на првиот натпревар од 18:27 го чинеше женскиот тим на Металург елиминација од Европскиот куп откако денеска на реваншот девојките победија со 22:19. И вториот дуел се играше во Дуделанж, но денеска предводени од Илјаз на голот и најмладата Ива Младеновска со девет гола во нападот Металург дојде до триумф.

Во поголемиот дел од средбата Металург беше во водство, но тоа не беше поголемо од три гола така што постојано беше тешко да се дојде во ситуација да се обезбеди подобар резултат на оваа пресметка.

Дуделанж парираше, но не можеше да направи повеќе од ова. Металург, пак, и покрај обидите не успеа да се избори за повеќе разлика така што на крајот остануваат плус три од оваа средба, кои не се доволни за пласман понатаму, па еден од претставниците на Македонија во Европскиот куп е елиминиран.

МЕТАЛУРГ – ДУДЕЛАНЖ           22:19 (10:9)

Сала: Рене Хартман во Дуделанж. Судии: Јустас Иванасускас и Едвинас Јенчевичиус од Литванија.

МЕТАЛУРГ: Илјаз (12 одб., 3 сед.), Ѓошевска, Гугуљанова 2, Трајковиќ 1, Ивановска 1, Коловска 1, Арсениевска 4, Младеновска 9, Темелковска, Калајџиевска 2, Божиновска 2, Тодоров, Николиќ

Седмерци: 1/5, Исклучувања: 6 мин.

ДУДЕЛАНЖ: Лејтиене (13 одб., 2 сед.), К. Вирц 1, Мокел, Дикенс 2, Вилемс 1, Фиорина, Ботоли, Д. Даутај 1, Гамбини 1, Крир, Џ. Вирц 3, Осоимвен, Карузо, Коларели 10, М. Даутај, Лагариж

Седмерци: 0/5, Исклучувања: 12 мин.