Мишевски за 24Ракомет ТВ: Билик и Божовиќ се најголемата опасност во Австрија (ВИДЕО)

Поразот од Чешка е веќе минато кај репрезентативците на Македонија и тие се подготвуваат за пресметката против Австрија која ќе биде решавачка за пласманот во следната рунда.

Целото внимание денеска ќе биде посветено на оваа средба така што сите ракометари ќе имаат можност да го проучат добро движењето на секој противнички играч и утре да се дојде до посакуваното односно да се одработи она што е потребно за да се дојде до триумф и пат во следната фаза од ЕП.

„Ни претстои ден за анализирање на ривалот. Ќе имаме видео анализа на Австрија и очекувам да бидеме подготвени за овој натпревар утре. Најдобрата алка во нападот на Австрија е Никола Билик, кој веќе има над 20 погодоци на шампионатот, а тука е и десниот бек Божовиќ. Очекувам да се подготвиме добро и денеска да забележиме добар резултат на дуелот против Австрија“, коментираше Мишевски за 24Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.