Митревски меѓу најдобрите десет голмани на ЕП

Голманот на Македонија, Никола Митревски на вчерашната средба против Чешка бранеше дваесетина минути во второто полувреме, но не можеше да ја повтори играта од првата средба против Украина со оглед на тоа што и одбраната беше во ссоема поинаков ритам.

Сепак, одбраните кои ги направи на дуелот против Украина му овозможија да се најде во Топ 10 голманите на првенството, а има солиден процент на одбранети удари. Според статистиката тој има одбрането 32 проценти, а зад неговото име се запишани 16 одбрани.

Најдобриот процент го има Швеѓанецот Андреас Паличка кој има 50 проценти на успешно одбранети удари, додека зад него е Небојшта Граховас со 40 проценти. Сепак, според бројот на одбранети топки прв е Словенецот Клемен Ферлин кој досега имаше 23 успешни интервенции, а една помалку има Алфредо Кинтана од Португалија.

ТОП 10 ОДБРАНИ (СПОРЕД ПРОЦЕНТ)

50% (21/42) – Андреас Паличка (Шведска)

40% (12/30) – Небојша Граховац (БиХ)

36% (23/64) – Клемен Ферлин (Словенија)

36% (20/55) – Гонзало Перез де Варгас (Шпанија)

35% (6/17) – Кристијан Саверас (Норвешка)

34% (22/65) – Алфредо Кинтана (Португалија)

33% (9/27) – Микаел Апелгрен (Шведска)

33% (16/48) – Томас Ајбергер (Австрија)

32% (16/50) – Никола Митревски (Македонија)

31% (18/59) – Торбјорн Бергеруд (Норвешка)

ТОП 10 ОДБРАНИ (ВКУПНО ОДБРАНИ)

23 – Клемен Ферлин (Словенија)

22 – Алфредо Кинтана (Португалија)

21 – Андреас Паличка (Шведска)

20 – Гонзало Перез де Варгас (Шпанија)

18 – Торбјорн Бергеруд (Норвешка)

16 – Никола Митревски (Македонија)

16 – Томас Ајбергер (Австрија)

16 – Мартин Галија (Чешка)

16 – Вјачеслав Салдаценка (Белорусија)

15 – Тибор Иванишевиќ (Србија)