Митревски и Тодоровски со нова задача во ЛШ, активни уште три судиски двојки и делегат од Македонија

Ако се суди по стартот на годината, тогаш македонските судии и делегати ќе имаат многу работа во вториот дел од сезоната.

ЕХФ ги делегираше официјалните лица за натпреварите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Европскиот Куп во женска конкуренција.

Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат натпреварот од 9 коло во ЛШ меѓу Будуќност и ЧСМ Букурешт во Подгорица на 15 јануари од 18:00 часот.

Даниело Божиновски и Виктор Начевски се делегирани да ја делат правдата на дуелот од второто коло во ЛЕ меѓу Локомотива и Мошонмаѓаровар во Загреб на 15 јануари од 18:00 часот.

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат мечот меѓу Валчеа и Вац во Романија од второто коло на ЛЕ што се игра на 16 јануари од 16:00 часот.

Методија и Михајло Илиевски се делегирани за првата средба од осминафиналето на Европскиот Куп меѓу турскиот Измир и шпанската Рокаса на 8 јануари од 15:00 часот.

Камер Металари ќе биде делегат на натпреварот од второто коло во ЛЕ меѓу Заглебје и Нант што ќе се игра во Лубин на 16 јануари од 16:00 часот.