Митревски и Порто доминираат во Португалија, слатка победа над Спортинг

Екипата на Порто каде што брани репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски на домашен терен славеше во дербито против екипата на Спортинг со 31:30 во натпревар од 11. коло од првенството на Португалија.

Дербито на Португалија го оправда епитетот, од почеток до крај беше неизвесно. Во првото полувреме Спортинг почесто беше во преднсот, имаше и три гола позитива но сепак на паузата Порто замина со водство од 15:14.

Во второто полувреме продолжи неизвесноста, но Митревски и соиграчите успеаја да ја сочуваат предноста од првиот дел и да го зачуваат максималниот учинок во првенството.