Митревски запре зицер на Елверум, се најде во ТОП 5 одбрани на колото (ВИДЕО)

Медиа тимот на Европската ракометна федерација го направи изборот на ТОП 5 одбрани од последното коло во групната фаза во Лигата на шампионите.

Една од интервенциите на македонскиот репрезентативец Никола Митревски во дресот на Порто на емотивниот дуел со Елверум по смртта на Кинтана, си најде место во овој избор.

Митревски спречи еден удар од чиста позиција на десното крило на норвешкиот првак, а тоа беше доволно да се најде меѓу најдобрите пет интервенции.

Најдобрите пет одбрани може да ги погледнете ТУКА, додека најатрактивните пет погодоци од последното коло може да ги погледнете ТУКА.