Митревски: Благодарност за публиката, покажавме дека барем во еден сегмент сме најдобри!

Македонската репрезентација го заврши настапот на ЕП 2022 со три порази во сите три натпревари од А групата во Дебрецин.

Но, и покрај ваквите резултати, на сите три натпревари не изостана поддршката од македонските навивачи кои допатуваа и овде во Дебрецин и ги бодреа македонските ракометари.

Голманот Никола Митревски го потенцираше тој момент како еден од најубавите на ова првенство и и се заблагодари на „фалангата“

„Сакам да се заблагодарам на публиката која што повторно дојде и на ова првенство во голем број. Публиката не застана да не бодри на сите три натпреври во сите шеесет минути и на загревање и по завршувањето на натпреварите. Ова денеска на крајот после три порази, ваква поддршка нема никој на светот. Покажавме дека сме барем во еден сегмент најдобри“ – истакна Митревски.