Митев МВП на Ф4, Ерманоски најдобар голман

Екипата на Алкалоид е новиот младински шампион откако на Ф4 турнирот, кој се одржуваше во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел, ја совлада младинската екипа на Бутел, со резултат 23:22. Ланската сезона титулата ја освои тогашниот состав на КЛ7.

По завршувањето на финалниот натпревар беа доделени наградите за најдобрите поединци на овогодинешниот младински Ф4.

За МВП беше прогласен ракометарот на Бутел, Марко Митев, кој во следната сезона ќе настапува во дресот на Алкалоид. Младиот ракометар мораше да се задоволи со освоениот сребрен медал.

Голманот на Алкалоид, Ѓорѓи Ерманоски беше прогласен за најдобар голман. Прилепчанецот во финалето против Бутел бранеше кога беше најпотребно и беше главен виновник за освојувањето на титулата.

Ракометарот од Еурофарм Пелистер 2, Емилијан Ѓорговски и членот на Прилеп, Хари Павлов, завршија како најдобри стрелци на Ф4 турнирот.

Македонија доби нов младински шампион