„Мислам дека никогаш нема да ја загубам желбата да играм ракомет“

Десното крило на Фуксе Берлин, Ханс Линдберг на 1 август наполни 40 години, но сè уште не планира да стави крај на кариерата. Данецот тоа го потврди во изјава за „Дојче прес“.

Спортскиот директор на Фуксе Берлн, Штефан Кречмар истакна дека клубот е подготвен на Линдберг да му понуди продолжување на договорот за уште една година.

„Драго ми е што уште сум дел од Берлин, мислам дека никогаш нема да ја изгубам желбата да играм ракомет. Но, прашањето е дали моето дело ќе ми дозволи да ја продолжам кариерата. Имав среќа што имав само неколку повреди во кариерата. Сакам да се посветам на младите, но ако физички се чувствувам како порано и останам на исто ниво ќе ја разгледам понудата за продолжување на договорот. Тренерот Сиверт е 13 години помлад од мене, но секогаш се обидувам да покаѓам дека може да ми верува и да смета на мојата помош. Јасно ми е дека нема да можам да играм уште десет години, порано или подоцна ќе дојде време за заминување, но засега не размислувам за тоа“, изјави Линдберг.

Ханс Линдберг во Фуксе Берлин настапува од 2016 година, а претходно играше девет години во Хамбург. Со репрезентацијата на Данска има освоено златни и сребрени медали на Светските и Европските превенства.