Миркуловски: Ова чудо не смее да остане само вечерна добра епизода!

Maшката репрезентација на Македонија приреди сензација и успеа да го совлада светскиот првак Данска со 33-29 во квалификациите за ЕП.

Повратникот во тимот Филип Миркуловски смета дека ова чудо не смее да остане само една епизода.

„Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот шампион на колена. Чудо кое не смее да остане само вечерна добра епизода. Продолжуваме уште по посветено за Македонија“, вели Миркуловскки.

Следен предизвик за националниот тим ќе биде гостувањето кај Данска во Алборг в недела од 16:00 часот.