Миркуловски најави: Мислам дека ова е мојата последна сезона во кариерата!

Македонија загуби од Данска со 31-21 и се богува без бодови од Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Повратникот во репрезентацијата Филип Миркуловски жали што Македонија не оствари барем една победа на ова натпреварување.

„Влеговме растоврарено во овој дуел, сакавме да одиграме за наша душа, знаевме дека на ниту една селекција не и значеше овој дуел. Иако кај нив одмораа некои играчи, тие имаат квалитетна втора постава исто како и првата. Можам да кажам дека тие се фаворити на ЕП и загубивме од најдобрата екипа на првенството. Се додека не се случија повредите на поголем дел од играчите, коронавирусот. Мислам дека се ќе беше поинаку. Ете не бевме кадарни да оствариме барем една победа. Ако ме послужи здравјето ќе играм и во квалификациите за СП“, кажа Миркуловски.

Средниот бек откри дека оваа најверојатно е последна сезона во кариерата.

„Мислам дека оваа сезона е последната во мојата кариера, како на клупски, така и на репрезентативен план. 90% останувам во Вецлар како помошник тренер“, изјави Миркуловски.