Миклер: Вардар во Скопје е брутално силен, едвај чекам да бранам против Вујин!

Еден од ривалите на Вардар во новата сезона од Лигата на шампионите ќе биде унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.

„Црвено-црниот“ тим не е меѓу омилените на ПИК Сегед, ниту на голманот Роланд Миклер, но тој се радува на новата пресметка.

„Не можеш ништо да планираш против нив, најдобро за подготовка е да играш со сто проценти концентрација. Во Скопје, Вардар е брутално силен. Мило ми е што ќе имам можност да бранам против Марко Вујин, знам дека сака да ми шутира“, вели Миклер.

Додека Вујин беше во Веспрем, Миклер играше за ПИК Сегед и имаа безброј меѓусебни дуели на унгарските терени.