„Ме бараа од Шпанија и Унгарија, но Охрид доби предност – одличен проект, пребуав град со добра клима…“

Првото, а се чини и единствено засилување за тимот на Охрид пред стартот на новата сезона ќе биде српскиот интернационалец Игор Чагаљ.

Двометрашот доаѓа од сехалигашот Металопластика, а претходно беше дел од Војводина, Пролетер Зрењанин, словенечкиот Марибор, бундеслигашот Гумерсбах…

Тој откри зошто се решил да ја прифати понудата од охриѓани.

„Преговарав со луѓето од Охрид десетина дена. Ме побараа директорот на клубот и тренерот, ми го претставија проектот, ми се допадна и ја прифатив понудата. Во минатата сезона кога Вардар и Еурофарм Пелистер играа во Европа, Охрид беше веднаш зад Металург во македонскиот шампионат. Покрај неколку клубови од Србија, имав понуди од Шпанија, Унгарија и Израел, но предност доби Охрид, прекрасно место, со добра клима и задоволен сум од договорот“, вели Чагаљ.

Охриѓани ова лето останаа без пикерот Кристијан Анастасовски кој потпиша за францускиот Анжер, како и без левиот бек Лексо Цителишвили, кој се врати во татковината.