Мешков издржа едно полувреме кај Веспрем

Екипата на Веспрем имаше сигурно издание на домашен терен против Мешков Брест и славеше со 31:25. После победа во Брест, Веспрем уште еднаш труиумфираше рутински и запиша четири бода во една недела против истиот противник.

Избраниците на Давид Дејвис одлично го отворија натпреварот и  имаа предност во текот на целото прво полувреме, сепак по 30 минути игра беше нерешено 14:14. Во продолжението работите си дојдоа на свое место. Со поквалитетна игра Веспрем до 40. минута направи предност до пет гола која успешно ја одржуваше до крај на дуелот.

Во победничкиот состав најефикасни со по пет гола беа Гајиќ, Ненадниќ и Штрлек. Дејан Манасков немаше учинок на овој натпреар. За екипата на Мешков, Акамбре со пет гола беше прв стрелец. Во нарендото коло составот од Мешков е домаќин на Вардар во својата арена.