Мешков Брест на три бода од Вардар, ќе биде опасен до крајот од групната фаза

Екипата на Мешков Брест денеска го совлада Мотор Запорожје и тоа на гости во Украина со 36:33 со што обезбеди три бода со кои се доближи до Вардар на три поени, а на четири од Порто така што останува во игра за пласман во осминафиналето.

Ракометарите на Мотор и Мешков Брест во текот на сите 60 минути се надигруваа и неизвесноста постојано беше актуелна така што во ниту еден момент никој не можеше да биде сигурен што ќе се случи на натпреварот. Немаше можност за некој да има сигурна предност и во финишот да влезе мирно.

На полувреме резултатот беше 18:17 за гостите од Белорусија, а потоа постојано имаше резултатска тензија. Дури во финишот Мешков Брест зголеми на три разлика и ги одржа до крај за конечни 36:33 со што немаше проблеми да се освојат два бода со кои доаѓа до најава за возбудувања во последните три кола.

Најефикасен во победничкиот табор беше Шкурински со десет гола, а пет постигна Паниќ. Во Мотор со шест гола најефикасни беа Пухоуски и Маласинскас.