Мешков Брест задржа еден од најдобрите пред двобојот со Вардар

Белорускиот првак Мешков Брест откако го донесе пикерот Павел Дорофеев, објави за продолжување на договорот со еден од најдобрите ракометари.

Левото крило Андреј Јуринок го продолжи договорот за уште една сезона со тимот и ќе формира дуо со хрватскиот репрезентативец Марин Јелиниќ.

Следната сезона ќе биде шеста за Јуринок во Мешков Брест. Тој дебитираше во првиот тим во 2016 година и оттогаш одигра 274 меча и постигна 648 голови.

Претходно Мешков ги продолжи договорите со Павел Пачковски и Владимир Врањеш, а ги промовираше Лазар Кукиќ, Аугустин Касадо и Марин Јелиниќ.

Мешков Брест е конкурент на Вардар за место во елиминациите во Лигата на шампионите, а нивниот меѓусебен дуел е закажан за 2 март во Брест.