Методија и Михајло Илиевски ќе делат правда на Медитеранските игри

Покрај машката и женската репрезентација, Македонија ќе има уште двајца претставници на Медитеранските игри.

Станува збор за судиите Методија и Михајло Илиевски, кои ќе делат правда на ракометниот турнир во Алжир.

Тие минатата сезона добија ЕХФ значка, судеа на ЕХФ шампионат, на квалификациите за женското младинско СП, како и не неколку натпревари од европските купови.

Ракометниот турнир на Медитеранските игри стартува на 28 јуни, а финалните натпревари се на 6 јули.