Металурзи и бутелци со последен поздрав – Почивај во мир Џамбо (ФОТО)

Тимовите на Металург и Бутел Скопје во “Автокоманда” упатија последен поздрав до прерано починатиот голман Никола Даниловски.

Бутелци носеа маички на кои пишуваше – Почивај во мир Никола Даниловски.

Екс голманот на Металург, Пелистер и Охрид беше пронајден мртов во водите на Охридското Езеро во саботата наутро.

Ракометарите на Металург и Бутел Скопје ќе го одиграат најважниот натпревар оваа сезона за двете екипи. Победникот од овој дуел ќе игра во Лигата на Европа.