Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, Металург, по триумфот во Струга над Стружанка со 25-15 и се пласира на завршниот турнир. Ова беше втора победа за тимот од Автокоманда во два дена на гостински терен и заслужено беше обезбедено местото меѓу најдобрите четири.
Неизвесно беше само на стартот на натпреварот, кога беше 4-4, а потоа избраничките на Јулијана Дамчевска со серија од четири гола се одлепија на 8-4. До крајот на полувремето, гостинките од Скопје ја задржаа предноста и на пауза се замина со резултат 11-8.
На стартот на вториот дел беше 12-9, пред членката на Стружанка, Сара Калајџиевска да го заработи третото исклучување и доби црвен картон. Тоа го искористија гостинките од Автокоманда и се одлепија на 17-9 со што го решија прашањето околу победникот.
Тие останаа без Итана Лабовиќ во меѓувреме, која исто така доби трето исклучување и црвен картон, но тоа не беше голем проблем за Металург, кој рутински го доврши мечот и се пласира на Ф4.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Трајковиќ со девет и Јана Калајџиевска со седум гола, додека кај Стружанка се истакна Марија Голабоска со шест погодоци.
Куп на Македонија, жени, осминафинале:
Група 1
Скопје – Спартак 25-27
Ѓорче Петров – Чаир 35-30
19/3, 17:00, финале, Спартак – Ѓорче Петров
Група 2
Вардар – Шампион 32-18
Деспина – Кузман Вардар 35:16
19/3, 18:00, финале, Вардар – Деспина
Група 3
Стружанка – Астибо 27-19
Овче Поле СУ – Металург 25-31
финале, Стружанка – Металург 15-25
Група 4
Пелистер – Гевгелија 26:17
финале, Пелистер – Куманово 27:32