Металург сигурен во Битола, се враќа со три бода

Екипата на Металург продолжи со добрите резултати во плеј-офот, а денеска го совлада тимот на Еурофарм Пелистер 2 во Битола со 34:31.

Од почетокот на средбата имаше надигрување во кое владееше неизвесност. Имаше надигрување и беше израмнето, а потоа на средината на првото полувреме ракометарите на Металург влегоа во ритам и дојдоа до предност од четири гола, 11:7.

Оваа предност се чуваше и беше и зголемена на пет гола. Металург имаше контрола така што не дозволуваше противникот да се врати во ритам.

Водството на Металург остана до крајот на првото полувреме, а на крајот од првиот дел беше 19:15 така што ова водство овозможи да се има убава предност за вторите 30 минути.

Како што одминуваше времето во второто полувреме така стануваше јасно дека домашните тешко ќе може да се изборат за пресврт. Металург имаше контрола на резултатот така што во ниту еден момент немаше опасност.

Иако тимот на Металург остана рано без Лазаревски, кој се пресели на трибините поради три исклучувања уште во 32 минута и во финишот и без Серафимов кој заработи повреда на стомакот, сепак, водството беше зачувано.

Домашните успеаја да одработат добро, но искуството беше на страната на гостите кои си обезбедија нови три бода и дефинитивно продолжуваат со трката за место во Лигата на Европа.

20 мај 2021
31 - 34
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
20 мај 2021 16:25 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 20.05.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21531Пораз
МЕТАЛУРГ1934Победа

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
4Јован Талевскицентрален бек18
8Павле Атанасијевиќцентрален бек01
9Васко Димитровскипивот02
12Филип Ивановскиголман00
13Павле Петровиќдесен бек18
19Стефан Андонов-00
22Иван Димитровскилево крило21
23Стефан Талевскицентрален бек01
24Никола Стоилевскидесно крило01
33Петар Атанасијевиќлев бек01
44Ненад Белистојановски-00
51Димитар Бардакоскиголман00
55Стефан Дрогришкилев бек05
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот23
 Вкупно 631

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Александар Петковскидесен бек11
6Милан Поповиќлево крило02
7Дарио Кофилоскилево крило03
10Даниел Дупјачанецголман00
11Мице Шилеговдесно крило02
13Златко Хорватдесно крило112
15Василије Калуѓеровиќлев бек26
17Мартин Серафимовдесен бек11
19Милан Лазаревскипивот31
20Даниел Ѓорѓескиголман00
26Марко Тарабокијацентрален бек00
27Теодор Тодескилев бек10
28Андреј Митиќпивот02
42Момир Рниќлев бек00
44Стефан Додиќцентрален бек03
64Велко Маркоскилев бек11
 Вкупно 1034

Officials

Судии:Делегат:
ВУКАШИНОВСКИ АЛЕКСАНДАР
ТРАЈКОВСКИ МИРКО
НАЧЕВСКИ ДРАГАН

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515