Металург се засили со лево крило од Португалија

Металург продолжува со екипирањето на составот за наредната сезона. Потпис на двегодишниот договор со тимот од Автокоманда стави португалското лево крило, Улисис Рибеиро.

Рибеиро (30/181/76) е замената за Милан Поповиќ, кој по завршувањето на договорот со Металург замина во романското првенство.

Матичниот клуб на Рибеиро е Сао Бернардо, а потоа замина во Мадеира каде што играше две сезони. Лани го имаше првото интернационално искуство во екипата на Хари Ап од холандското првенство. Таму на 13 средби постигна 33 гола.

Улисис Рибеиро е шестото засилување на Металург за новата сезона, по бековите Кеви и Оливие Њокас, пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардакоски.