Металург по долго време ќе игра европски натпревар во Автокоманда

Одреден е денот и саатницата за одигрување на првиот натпревар меѓу Металург и хрватската Спачва Винковци.

Првата средба од двомечот од првото квалификациско коло во Лига Европа, ќе се одигра во салата „Автокоманда“ на 30 август.

Почетокот е планиран за 19:00 часот и ќе се одигра без присуство на публика, според сите протоколи на ЕХФ.

Металург на својот противник му предложи двете средби да се одиграат во Скопје, но раководството на хрватскиот клуб го одби овој предлог.

Според тоа, првата средба ќе се одигра во утврдениот термин во Автокоманда, додека реваншот ќе се игра на теренот на противникот во Винковачко Село.