Металург почна со загревање – Кастратовиќ одржа состанок со македонскиот дел од тимот (ФОТО)

Екипата на Металург денеска го имаше првото собирање во салата во Автокоманда, но ова беше само состанок на кој присуствуваа ракометарите кои се од Македонија. Во текот на викендот се очекува комплетирање на тимот, па во понеделник ќе биде првиот официјален собир на екипата.

Металурзите најавуваат дека од утре ќе почнат со работа, но во помали групи, а главното следува од 30 јули. Тогаш тимот заминува за Маврово каде ќе се подготвува до 11 август.

Зоран Кастратовиќ на првиот состанок имаше десетина ракометари, но јасно е дека во новата сезона ќе има далеку поконкурентен тим отколку што беше случај во минатогодишниот шампионат.

Инаку, поради протоколите ќе се работи според посебно утврдени услови. Најавено е дека во оваа фаза од подготовките нема да бидт користени