Металург отвори со пораз во Атина, загуби од Анортозис

Ракометарите на Металург претрпеа пораз од екипата на Анортозис Фамагуста со 30:31 иако во вториот дел беа далеку подобриот противник на теренот.

Клучен период за победата на овој дуел беа првите 30 минути во кои ракометарите на Металург имаа голема негатива. Тие го загубија првото полувреме со 11:19 и тука практично беше решено сè.

Овие осум гола заостанување беа причина во продолжението да се игра поагресивно и да се направи обид да се надомести. Сепак, не одеше лесно. На 15 минути до крајот резултатот беше 21:26, а потоа во финишот од 26:28. Меѓутоа ова не беше доволно, па на крајот радоста беше за тимот од Кипар.

Првата средба заврши со победа на АЕК против Диомидис Аргус со 36:26. Поразениот од овој дуел е следниот ривал за Металург во утрешното 2. коло, додека в недела ќе бидат одмерени силите против АЕК.