Металург одржа тренинг во Тулуз, подготвен е за борба со домаќинот (ФОТО)

Ракометарите на Металург поради вечерниот лет во текот на вчерашниот ден, единствениот тренинг во Тулуз го одржа утринава.

Металурзи и стручниот штаб се запознаа со условите во „Палатата на спортовите“ во Тулуз, каде што вечерва ќе се игра натпреварот.

Тимот од Автокоманда ќе биде ослабен со неиграњето на десниот бек Мартин Серафимов, кој остана во Скопје поради позитивниот тест на Ковид-19, а тренерот Зоран Кастратовиќ ќе биде само со Никола Потиќ на десната бековска позиција.

Натпреварот меѓу Тулуз и Металург, кој првично требаше да се игра од 20:45 часот, ќе биде на програмата од 18:45 часот поради полицискиот час во Франција.