Металург лесно се справи со Чаир

Ракометарките на Металург имаа сигурно издание на домашен терен и лесно славеа победа против екипата на Чаир со 31:24 во 3. коло од плеј-офот во Женската лига.

Металург имаше контрола на играта и резултатот во сите 60 минути и доминираше на теренот. После воведните 2:2 следуваше серија од 4:0 на домашната екипа која им овозможи помирна игра во продолжението.

До крајот на првото полувреме ракометарките на Металург играа во добар ритам и постојано ја зголемуваа предноста. На полувремето веќе Чаир беше во голема негатива и имаше тешка задача пред вторите 30 минути доколку сакаа да избенгат пораз. На полувреме беше 18:11.

Во вториот дел Металург одигра рутински, стигна и до највисоко водство од десет гола а до крај на мечот рутински стигна до победата. Најефикасна во победничкиот тим беше Мила Трајковиќ со осум гола, а седум постигна Ива Божиновска. Во тимот на Чаир се истакна Мила Алексоска со седум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124