РФМ организатор на Ф4 – мажите и жените за трофеи во Купот ќе се борат во Автокоманда

Ракометната федерација на Македонија ќе биде оргазанитор на завршните турнири во Купот на Македонија и во машка и во женска конкуренција, а домаќини на Ф4 ќе бидат Металург и Автокоманда.

За трофејот во машкиот Куп ќе се борат Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје.

Кај дамите, за трофејот во Купот ќе се борат домаќинот Металург, потоа Куманово, Чаир и Вардар.

Термините за одигрување на натпреварите ќе бидат од 14 до 16 мај. Машките полуфинални средби се во петок на 14 мај, женските полуфинални во сабота на 15 мај, додека двете финални средби ќе се играат в недела на 16 мај.

Вардар против Металург, битолчани за финале против Бутел