Вардар против Металург, битолчани за финале против Бутел

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беше извршена ждрепката за полуфиналето на Купот во машка конкуренција. Бранителот на титулата од 2019 година, Металург ќе се соочи со Вардар, додека втората полуфинална двојка е Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје.

Вардарци на патот до Ф4 ги елиминираа Текстилец, Тиквеш и Радовиш, а Бутел беше подобар од Кичево, Јуниор КВ и Охрид.

Еурофарм Пелистер немаше проблеми со Вардар Неготино, Младост Богданци и Пролет, додека и Металург без мака ги елиминира Куманово, КЛ7 и Работнички.

Полуфиналните средби ќе се одиграат на 14 мај во петок, додека финалето е два дена подоцна, а местото на одигрување ќе биде дополнително познато. Оваа сезона паралелно со машкиот ќе се игра и женскиот Куп на Македонија.

Куп на македонија, распоред на натпревари:

петок, 14 мај
Металург – Вардар
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер

сабота, 15 мај
Вардар – Чаир
Куманово – Металург

недела, 16 мај
финале жени
финале мажи

Нови термини за Купот на Македонија, за пехарот на 16 мај