Металург ангажираше голман од Еурофарм Пелистер

Во екипата на Металург пристигна најновото засилување за престојната сезона. Раководството на клубот одлучи во своите редови да го ангажира младиот голман од Битола, Димитар Бардакоски.

Во Скопје, Бардакоски пристигнува од екипата на Еурофарм Пелистер 2. Со вториот тим од Битола прикажа забележителни партии во изминатата сезона.

На голот на Металург ќе биде и искусниот Дупјачанец, а тимот од Автокоманда е во потрага по уште еден чувар на мрежата.

Металург ги продолжи договорите со Златко Хорват, Милан Лазаревски, Даниел Дупјачанец и тренерот Иван Марковски. Изминатиот период во екипата беа претставени и новите засилувања – Бобан Каковски, Костадин Петров, Кевин и Оливие Њокас.