Металари и Николовски ќе го судат мечот што носи последен мундијалски билет од ЕП

По вчерашната одлична арбитража на полуфиналето меѓу Србија и Шпанија, судиската двојка од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари доби нова задача.

Николовски и Металари ќе го судат натпреварот меѓу Исланд и Италија, што ќе одлучува за последниот мундијалски билет за СП 2023 од ЕП во Португалија.

Натпреварот за 11 место на ЕП меѓу Исланд и Италија се игра денеска со почеток во 18:00 часот.

Овој дуел е многу важен бидејќи победникот обезбедува директно место на Мундијалот следната година, а поразениот ќе чека шанса во квалификации.

Драган Начевски ќе биде делегат на средбата меѓу селекциите на Словенија и Фарски Острови за деветтото место на ЕП која почнува од 20:30 часот.